Марс
Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 km . Дијаметарот му е 6794 km и е седма планета според големина.Температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото..Првото вселенско летало кое го посетило е Mariner 4 во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првото сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.
Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30°C во афел и перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото.
Иако Марс е многу помала од Земјата, копнената површина и е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:
- Olimpus Mons: највисоката планина во Сончевиот Систем, 21 km над околната рамнина.
-Tharsis: висорамнина долга 4000 km и 10 km висока.
- Valles Marineris: систем од кањони 4000 km долг и од 2 до 7 km длабок.
- Hellas Planitia: кратер од удар на метеор во јужната хемисфера преку 6 km длабок и 2000 km во дијаметар.
No comments:
Post a Comment