Internet bezbednost

Сите ние го сметаме интернетот како извор на информации, забава, за комуникација.Можеме да земаме потребни информации за помош при домашните задачи, можеме да играме игри, да слушаме музика, да гледаме филмови, СЕ! Тоа е добро до некоја мерка. Секое дете што ги знае буквите може да направи се што сака. Тоа е лошо зашто ако згреши една буква при пишување ќе му даде тон други страни со сосема различна тема па може и да најде некоја страна со експлицитни материјали или да фати вируси, а во најлош случај да фати од оние Тројан вируси, кои служат за хакнување и голем проблем. Еден од најголемите проблеми е тоа што многу деца, дури и возрасни даваат многу лични податоци на тие страни како што се facebook, twitter, Hi5, MySpace, Blogger и др. Некој човек може да најде лични слики и податоци и ако дознае дека си богат па да сака да ти дојде дома, да ти го хакне профилот(што не е толку лошо во голем дел од случаевите) и многу други лоши и илегални работи.
Има некои здруженија кои служат за превенција на вакви случаи. Некои се: COPPA(Children's Online Privacy Protection Act) кој служи за превенција на наоѓање лични податоци како што се адреса, телефонски број, единствен матичен број на тој начин што бара од секоја страна причината или намената за која е направена, секој интернет пребарувач има Родителска контрола (Parental control). Со оваа програма родителот може да блокира некои одредени интернет страни. На тој начин се спречува влез на такви страни.
Еве некои начини на кои родителите би можеле да ги научат децата за интернетот и за тоа кои страни да не ги отвараат:
- Научете како да блокирате одредени страници.
- Компјутерот на детето чувајте го на видливо место, а не во посебни соби и на тој начин можете да контролирате што вашето дете прави на интернет.
- Имајте заедничка електронска пошта со вашето дете за да знаете што пораки добива и дали ја дава адресата за да игра игри или да прави акаунти на несакани страни.
- Направете букмарк на омилените страни на детето.
- Заедно пребарувајте на интернет за да го научите детето на соодветно интернет пребарување.
- Забранете му на детето да зборува на приватни чет соби и научете го дека сите приватни чет соби ја бараат вашата електронска пошта, а со тоа и некои приватни податоци. Исто така кажете дека не знае со кого четува на тие соби.
- Проверувајте ја вашата кредитна картичка и сметка од несакани и непознати трошоци.
- Најдете начин да спречите ако вашето дете користи компјутер без ваша контрола( во школо, кај другар, во интернет кафе...).
Сега некои совети за децата:
-Никогаш не давај приватни информации како име, адреса, матичен број на непознати луѓе кои не ги знаеш на интернет.
-Ако некој ти ги бара овие информации само искучи се од интернет.
-Никогаш не прифаќај да се сретнеш со некој што го знаеш само од интернет.
- Само ако некој вика дека има 12 години не значи дека нема 30 и сака да направи нешто лошо. НИКОГАШ не се јавувај или не давај број од вакви.
- Никогаш не давај го пасвордот. НА НИКОЈ. Тоа е како да даваш клучеви од дома на некој од улица.
Некои интересни но и лоши факти за интернетот:
-73% од тинејџерите се на некои социјални страни.
-15% биле сексуално контактирани од непознато лице на интернет.
- Околу 4% од децата добиле сексуална покана за состанок офлајн и се сметаат за агресивни.
- 35% несакано виделе нудизам на интернет, а само 27% кажале на родителите.
- Огромен дел од родителите не го разбираат компјутерскиот сленг(OMG, ASLPLS, BRB, ASAP) на децата.
- 48% од децата во градинка или 1-во одделение виделе несакани материјали на интернет или биле контактирани, а само 28% кажале на возрасен.
- 16% од тинејџерите имаат електронска пошта или социјална страна за која не знаат или не сакаат да знаат.
- Околу 90% од децата го користат интернетот од нивните 9 или помалку години.
- Децата на години од 10-11 кои биле контактирани од непознат 18% не кажуваат на родителите, а 11% зборуваат со тој/таа.
-Голем дел од децата веруваат на секој кој ќе го сретнат на интернет. Тие најчесто одат на фејсбук, на чет соби или на сајтови со игри
Краток бесплатен совет од мене, НЕ седи на интернет. Ако мора да седиш прави нешто корисно. Во слободно време играј спорт, гледај филмови, излези надвор. НЕ ДАВАЈ ИНФОРМАЦИИ!

Борјан Стојков 7б