Strumicki karneval

Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката , кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски , како по времето на одржување така и по својата цел и функција . Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови , односно на почетокот на големиот Велигденски пост , а и самото име к а р н е в а л , од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум , односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост , а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда , а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер , кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови , треба да се направи реска дистинкција , односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат , но не и суштински , бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански обичај , додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време .



Kарневалот во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година . Тој минувајќи низ Струмица запишал : ...Дојдов во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица .
Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските , носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ) , како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови , желбата за здравје , плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата иницијална односно изворна , паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска , која што сеуште ја паметат најстарите струмичани , бидејки карневалот од кои и да е причини , кои се сеуште во сверата на претпоставки , се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните , а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот , кои ги симболизираат младенците односно верените , потоа циган и циганка со бебе , со значење како циганите имаат по многу деца , така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со , со опашка од вол или некое друго животно , со вила во рацете , кого сите го бркаат , а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно , со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.
Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи , песните исполнети со еротски мотиви , содржини и зборови , препознавањето на момчето по големиот фалус , направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка , односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот.